Четири лица пријавени за исчезнати

Четири лица, меѓу кои две малолетнички, се пријавени за исчезнати, соопшти МВР.

Едното девојче, 16 годишно, од Велес, завчера излегло од дома и не се вратило, а случајот го пријавил нејзиниот татко З.Ќ. (46). Во засега непознат правец, исто така завчера, се упатило и 17-годишно девојче од скопската населба Чаир за кое пријавило неговиот дедо Х.Ј. (43).

Останатите две лица по кои полицијата трага се А.В. (19) од Кавадарци и Б.Ј. (42) од Свети Николе. Случаите ги пријавиле семејствата.