Четири лица пријавени за недозволена трговија со марихуана

A bag of medical marijuana is shown at Oaksterdam University, a trade school for the cannabis industry, in Oakland, California July 23, 2009. Voters in the City of Oakland recently passed Measure F, which creates a new business tax rate for medical marijuana dispensaries. Picture taken July 23, 2009. REUTERS/Robert Galbraith (UNITED STATES SOCIETY POLITICS EDUCATION BUSINESS)

Министерството за внатрешни работи (МВР) реализираше два случаи на недозволена трговија со марихуана, во кои се пријавени четворица македонски државјани.

Акциите се реализирани од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија при МВР во соработка со надлежните служби за борба против дрога на Албанија и Грција, а во координација со СЕЛЕК Центарот од Букурешт, Романија којшто во изминатиот период преземаше низа мерки и активности за сузбивање на меѓународна организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога.

Како што соопшти МВР, по обезбедени докази од претходно реализиран случај во рамки на оваа истрага, вчера Единицата за недозволена трговија во координација со Јавниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и СВР Охрид ги лиши од слобода лицата К.Х. (48) од Струга и С.А. (34) од Скопје, идентификувани како членови на меѓународната криминална група. Против двајцата, како и против двајца албански државјани С.А.Д. (43) и А.Ќ. (44) до ОЈО за гонење на организиран криминал е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Имено, врз основа на спроведена истрага утврдено е дека К.Х. заедно со С.А. во февруари годинава организирале набавка на 38.955 килограми марихуана од непознати лица од Албанија, по што К.Х. заедно со двајца албански државјани С.А.Д. и А.Ќ., двајцата од Поградец, Албанија, организирале таа да биде пренесена од Албанија во Македонија по водите на Охридското Езеро. Марихуаната била пренесена од страна на лицето А.Ќ. со моторен чамец и на брегот од езерото во близина на с.Калишта била превземена од лицето Ф.И. – член на оваа организирана група, кој ја однел дрогата во неговата куќа во с.Калишта, со цел да му ја предаде на К.Х., а тој да ја продаде на лицето С.А.

Ф.И. бил кривично пријавен во февруари годинава во реализиран случај и заплена на 38.955 кг. марихуана.