сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Четири лица ранети при вооружен инцидент во трговски центар во Сиднеј

SIDNEJ

Последни вести

Четири лица се ранети денеска кога сиднејската полиција отворила оган врз еден вооружен маж во шопинг центар од градот Сиднеј.

Полицијата наведе дека ранети се мажот, кој во рака држел нож, и три жени на возраст меѓу 60 и 80 години.

Претставникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Денис Клифорд, соопшти дека полицијата била повикана во шопинг центарот во северно предградие на Сиднеј.

Полицајците му пришле на вооружениот маж и тогаш дошло до инцидентот, пренесоа австралиските медиуми.

Клифорд додаде дека било пријавено оти вооружениот маж исчезнал од блиската психијатриска установа и дека по него трага локалната полиција.

За инцидентот ќе биде отворена истрага.

Најчитани вести