Четири лица загинаа при напад во Бејрут

Експлозијата се случи на трговска улица, каде што во почетокот на јануари беше извршен уште еден самоубиство напад.

Четири лица, од кои две жени, беа убиени во бомбашки напад во шиитскиот реон во јужниот кварт на либанската престолнина Бејрут, сметан за бастион на движењето „Хезболах“.

Над 46 лица се повредени, а од силната експлозија се оштетени и околните згради. Експлозијата била предизвикана од бомбаш-самоубиец .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.