Четири лица загинаа во поплави во Тексас

Во последните денови во поплавите во Тексас загинаа четири лица, откако 14-годишно дете и неговото куче беа пронајдени удавени во одводен канал во предградието на Далас, Де Сото, објави МИА.

Во неделата беше откриено тело на маж во надојдената река Бланко, а во саботата беше пронајдено тело на една девојка.

Во популарниот туристички центар Вимбарли Вали 12 луѓе се водат за исчезнати во надојдената Бланко Ривер. Нивото на водата во реката за еден час се искачила за приближно осум метри и урнала вила и мостот.

Во 24 окрузи на Тексас прогласена е вонредна состојба.