Четири лица загинаа во снежна бура во Бафало

Снежна бура го погоди Бафало, втор по големина град во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа четири лица. Невремето предизвика застој во собраќајот поради непроодните улици, соопштија локлните власти.

Во јужниот дел од градот, во близина на водопадите на Нијагара, снежната покривка изнесува 1,5 метри. Снег наврна за помалку од 24 часа.

Тројца починаа од срцев удар додека чистеле снег, а уште едно лице почина додека го туркал заглавениот автомобил.

Локланите медиуми јавија дека најмалку едно лице е заглавено откако се урнал покривот од куќата.

Гувернерот Ендрју Куомо изјави дека ја повикал Националната гарда да помогне во расчистувањето на снегот.