Четири лица загинаа во сообраќајна несреќа во Германија

Најмалку четири лица загинаа, а 40 се повредени во денешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А4 во источен Хесен, каде патнички автобус падна во провалија длабока околу 50 метри, пренесе МИА.

Се уште не е позната причината за несреќата.

Со автобусот патувале пензионери, кои тргнале од покраината Рајнланд-Пфалц за Лајпциг, каде требале да ја прослават Нова година.

Автобусот најверојатно повеќе пати се превртил во текот на падот во провалијата и на земја повторно бил на тркала. 

фото: guardianlv.com