Четири лица загинаа во торнадото во Мисисипи

Четири лица загинаа во торнадо во југоисточната американска држава Мисисипи, соопштија властите.

Бурата го зафатила Мексиканскиот залив, вчера околу 20.30 часот по Гринич. Еден од најтешко зафатените реони е трговскиот кварт во гратчето Колумбија во округот Мерион, каде се однесени автомобили и цели покриви на куќи. Загинале две жени.

Уште две жртви има во соседниот округ Џонс. Многу луѓе се повредени, некои потешко. Причинети се огромни материјални штети. Без струја останале 7.000 домови.

Бурата се придвижува кон Алабама, проследена со поројни дождови.