Четири медицински лица загинаа во воздушни напади врз провинцијата Алепо

Четворица сириски членови на невладина организација базирана во Франција, загинаа во воздушни удари врз позиции на сириски бунтовници и медицински центар во градот Хан Туман во јужниот дел на сириската провинција Алепо.

Засега не се знае чии биле авионите што извршиле напад, наведуваат француски медиуми.

Медицинскиот центар што бил погоден е на Сојуз на организации за брза помош и медициска грижа, во кој се лекари од сириската дијаспора. Нпадот бил извршен ноќеска при што загинале и девет бнтовници од Џаиш ал Фатах.