Четири месеци спиел покрај мртвата мајка

Во селото Сиколe каj Неготин, Србија, син повеќе од 4 месеци во својата соба го чувал телото на својата 77-годишна мртва мајка Десанка Г.

Како што дознава Ало.рс, синот на Десанка, Новица, кој бил во техна психичка состојба во полиција рекол дека немал пари да ја закопа мајка си.

Тој мајка си ја облекол и ја ставил на креветот во нејзината соба. Новица најнормално се однесувал тие денови, шетал низ селото, зборувал со луѓето, подготвувал ручек и спиел во собата каде било телото на неговата почината мајка.

Бидејќи повеќе месеци не ја виделе Десанка, соседите се збуниле и нејзиното исчезнување го пријавиле во полиција. Во куќата на Десанка веднаш отишла полицијата, заедно со лекар од Брза помош, а глетката која ја затекнале била повеќе од ужасна.

Во креветот во кој старицата најверојатно и починала тие пронашле само костур. Немало траги на насилна смрт.

На костурот се наоѓале траги од облека која старицата ја имала на себе и прекривка со која била покриена. На никој уште не му е јасно како во куќата во која претходните месеци се распаѓало телото, живеел нејзиниот син.

– Смрдеа имаше во целата куќа која е толку стара што мислевме дека во секој момент ќе се распадне. Веројатно процесот на распаѓање на телото ќе се забрзал ако во собата имало топлење, додава соговорник на Ало, близок на истрагата.

Несреќната стaрица живеела во куќата сама со синот. Интересно е што синот на старицата од моментот на нејзината смрт не ја подигал пензијата на мајка си.