Четири места каде што не смеете да користите кредитни картички

Кредитните и дебитните картички одамна ја заменија готовината која и понатаму е најсигурен облик на плаќање.

Без оглед на системите за заштита се почесто се случуваат злоуптреби на картички. Освен нивната физичка кражба се случуваат и кражби на податоци од картицата на интернет или со помош на електронски уреди кои криминалците ги поставуваат на банкоматите и на други уреди.

На овие места не би требало да користите кредитни и дебитни картички:

1. Банкомати кои се одалечени од банки. Стручњаците препорачуваат по можност да се користат само банкомати кои се наоѓаат само на влезови од банки или во нивна непосредна близина, бидејќи оние кои се одалечени од банките се мамец за криминалците зашто не се под постојан надзор.

2. Улични станици за полнење на мобилни телефони. Кога патувате во странство може да наидете на киосци во кои може да наполните батерија за телефон. Во некои градови оваа услуга е бесплатна, но таму каде што не е ќе мора да платите со кредитна картица. Бидете внимателни бидејќи овие станици за полнење батерии се честа мета на криминалци. Освен што можат да украдат податоци од картичката, познато е и дека можат да симнат податоци од вашиот мобилен телефон.

3. Десктоп и мобилни апликации. Бидете внимателни кога пазарите со апликации или  службена програма. Сигурно досега сте забележале „поп-ап“ прозорци кои од вас бараат да уплатите одредена сума на пари за да отстраните некој вирус или да отклучите свои документи, но не наседнувајте на таквите барања, бидејќи се работи за измама.

4. Непроверени онлајн страниици за пазарење. Опасно е да се оставаат податоци за својата картичка на страници кои претходно не се добро проверени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.