Четири начини како да ја освежите врската

Замената на должностите, како што појаснуваат психолозите, внесува одредена свежина во односот, а истовремено им помага на партнерите да ја согледаат преспективата на другиот. Еве четири идеи што малку ќе ве разбрануваат.

Заменете ги улогите

Внесете нешто ново во вашите секојдневни активности. Ако вообичаено вие готвите, а тој го шета кучето, за промена може тој да проба во кујната, а вие да ја преземете грижата за миленичето. Наместо како што вообичаено момчето ве вози на пат до викендичката, вие возете, а нему препуштете му да ја преземе организацијата за викенд активностите. Замената на должностите, појаснуваат психолозите, ќе внесе одредена свежина во односот, а истовремено ќе им помогне на партнерите да ја согледаат перспективата на другиот.

Наполнете се со адреналин

Заедно запишете се на планинарење, на курс по падобран или изнјамете мотор и одете некаде за викенд во некоја авантура и скокнете во непознатотот. Новите, возбудливи ситници во кои што ќе се најдете заедно ќе го поттикнат лачењето на истите оние хемикалии во мозокот што се ослободуваат кога сте во почетната фаза на вљубување.

Направете нешто неочекувано

Наутро воглавно незнаете како се викате, па вашиот партнер одамна се откажал од обидите за утрински секс иако тоа го обожава. Изненадете го и влезете под туш пред појадокот. Или замолете го да дојде да ве земе од работа, а потоа кажете му да продолжи до некое осамено место.

Присетете се на почетокот на врската

Какво чувство ве обзема додека гледате фотографии од забавите од средно училиште, кога се беше опуштено, забавно и возбудливо? Чувство на среќа и топлина. Истото ќе го почувствувате ако го прелистате албумот со фотографии од првите месеци на вашето забавување, посебно ако заедно се присетите на тие денови: кој кому му пришол прв, кога и каде прв пат сте воделе љубов, кога прв пат сте рекле „те сакам“…