Четири најголеми машки заблуди за сексот

Доколку се прашувате кои се вообичаените нешта што мажите ги прават во креветот, а кои воопшто не го возбудуваат поубавиот пол, еве го одговорот.

По разговорот со експертите во таа област и голем број жени, еве неколку работи што никако не би требало да ги правите за време на сексот.

Мит 1: Мажите мора секогаш да доминираат

Ако сте вие тој што постојано ја води играта за време на сексот, мора да знаете дека и понежниот пол има потреба да доминира. Многу често преголемата машка доминација во креветот може да влијае на расположението на вашата партнерка, а тоа на крај лошо ќе се одрази на сексуалната енергија меѓу вас двајца. Затоа бидете толерантни и некое време препуштете ја палката на понежниот пол.

Мит 2: Жените не го сакаат сексот како мажите

Често се случува во врските партнерите да немаат потреба за секс во исто време. Мажите преферираат брз секс неколку пати дневно, додека жените пред се сакаат сензуален и квалитетен сексуален живот. Самиот тој факт не значи дека жените имаат помала сексуална потреба, па на двојките им се советува отворено да разговараат за нивните желби и да најдат заеднички компромисни решенија.

Мит 3: Ако бидете упорни, таа ќе прифати

Врежаното мислење дека упорноста е клучна работа за да го добиете она што го сакате во креветот се покажа како мошне погрешно.
Притискањето на партнерката за заеднички да испробате нови нешта не само што ќе ја влоши ситуацијата и ќе направи таа да се почувствува помалку пожелно. Почитувајте ги нејзините желби и разговарајте за нештата што би сакале да ги испробате во иднина.

Мит 4: Жените сакаат да им говорите „валкано“ цело време

Секоја жена е поинаква, а некои жени несакаат да ги нарекуваат со погрдни имиња и да се впуштаат во „валкан“ говор за време на сексот, без разлика на тоа колку тоа вас ве возбудува. Морате да најдете граница меѓу страста и убавото однесување, па дури и во сексот. Преинтензивниот „валкан“ говор може да ја одврати вашата партнерка од сексуалната желба и да и’ ја упропасти незаборавната вечер.