четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Четири основни причини зошто жените изневеруваат

Според истражувањето на авторот Гери Њуман, скоро 39% од жените барем еднаш учествувала во нешто што може да се нарече неверство.

woman-cheating

Поврзани вести

 

Можеби мислите дека жените не ги изневеруваат своите партнери, но според истражувањето на авторот Гери Њуман, скоро 39% од жените барем еднаш учествувала во нешто што може да се нарече неверство.

До тој заклучок дошол врз основа на истражувањето спроведено врз 400 жени, а како главна причина за таквото однесување Њуман ја истакнува комбинацијтаа на недостаток на емотивна и сексуална задоволеност.

“Од тие жени научив за какви специфични брачни проблеми се работи, а кои мажите би можеле да ги избегнат и со тоа да ги намалат шансите за вонбрачните активности на жените”, вели Њуман и додава дека постојат причини во емотивниот, но и во сексуалниот живот.

Емотивни проблеми:

Време – жените кои поминуваат премногу време со своите партнери, односно оние кои со нив дневно имаат барем еден 30 минутен непрекинат разговор, поретко стапуваат во забранети води.

Почит – кај жените кои дневно добиваат најмалку два гестови на внимание и почит во вид на порака, повик, цвет или нешто друго што покажува дека партнерот ги цени, драстично се намалени шансите за барање среќа на други места.

Слушање – од мажите не се очекува да бидат адвокати или да делат совети, туку да ја сослушаат својата подобра половина. Многу е важно жената во врската или во бракот да се чувствува дека нејзиниот партнер ја сфаќа и ги разбира нејзините проблеми.

Сексуални проблеми

Њуман истакнува дека во оваа група се крие само една ставка, а тоа е недостатокот на фреквентен секс. Имено, жените кои имаат партнер кој почесто им пружа сексуални искуства се помалку склони кон изневерување. Авторот смета дека жените кои имаат секс најмалку 10 пати месечно, можат да се сметаат за среќни во врската или во бракот.

Најчитани вести