Четири предрасуди за необавезниот секс

На еден сајт луѓето ги споделиле едни со други своите сексуални искуства, а креаторите на тој сајт велат дека целта на самиот сајт е да се отфрлат заблудите и предрасудите за необавезниот секс.

Необавезниот секс и ден-денес е табу тема. Еве неколку примери кои им пркосат на нивните наслови…

Секс со поранешното момче е лоша идејаНикол е студентка од Калифорнија која ја прекинала врската со тогашното момче бидејќи заклучила дека нивниот однос ја повредува, но по раскинувањето продолжила да се гледа со него само за секс. Прво сметала дека таквата шема ќе ја повреди, но “едноставно не можела да одолее”. Признава дека го правела тоа само за моменталното задоволство. Се виделе уште неколку пати, а Никол вели дека не се кае поради ова.
Сексот го уништува пријателството – Алис со Том работела 10 години во истата компанија и биле пријатели. Кога тој одлучил да ги признае своите чувства кон неа, Алис сфатила дека и таа ја чувствува истата желба. После работа заминале во хотел каде што имале секс. Се плашеле дека околината ќе ги осудува па подолго време се криеле од сите. Денес тие имаат семејства, но се уште продолжуваат да се состануваат во хотелот од време на време. И понатаму се пријатели.


Сексот со шефот е забрането овошје – Љубица добила ново работно место и веднаш го забележала својот привлечен и успешен шеф на нејзиниот оддел – Николај. И покрај краткото противење по некое време започнала сексуална врска со својот шеф. Се договориле тоа да биде шема без обврски. После неколку месеци тајни состаноци Николај за побарал за жена Љубица и тие двајца денес се во среќен брак.

Не постојат емоции – Џени го запознала Томи преку Фејсбук. Тие ретко комуницирале но кога започнале подолго да разговараат таа сфатила дека имаат многу заднички работи. Се договориле заедно да одат на театарска претстава, а по претставата имале луд и див секс. После ова се вратиле назад во своите животи и уште две години се гледале исклучиво за секс. Џени приметила дека со текот на времето помеѓу нив се развила силна емотивна поврзаност и започнале и заедно да живеат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.