Четири сценарија за резултатите од претседателските избори во Франција

Францускиот весник „Ле Паризиен“ им понуди на своите читатели четири можни резултати од вториот круг од претседателските избори во Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според весникот, лидерот на движењето „Напред“ и поранешен министер за економија, Емануел Макрон, најверојатно ќе оствари победа над претседателката на „Национален фронт“, Марин Ле Пен.

Според првата опција, Емануел Макрон ќе победи во вториот круг на претседателските избори со 65 отсто наспроти 35 отсто за Марин Ле Пен.

Според третото сценарио, Макрон може да триумфира на изборите „во стил“ Жак Ширак, собирајќи 80 отсто од гласовите на Французите, а Марин Ле Пен 20 отсто.

Последната опција за исход од гласањето е Макрон да освои 55 отсто од гласовите, а Ле Пен 45 отсто, а весникот тоа го дефинира како „пораз со вкус на победа“.

Но, весникот не ја исклучува ниту варијантата 49,9 отсто за Макрон и 50,21 отсто за Ле Пен. Иако ова никој не го замислува, сепак, е можно па со 50 отсто апстаненција кандидатот на Националниот фронт ќе дојде на власт.

Повикувајќи се на последните податоци од истражувањето на ИФОП, весникот изразува мислење дека Макрон може да победи со 63 отсто наспроти 37 остсто за Ле Пен.