Четири случаи на Западнонилска треска во Србија

Во Србија се потврдени четири случаи на заболување од Западнонилска треска, јави Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, пренесе Танјуг.

Овие случаи се потврдени до 18 август, се наведува на сајтот на институтот.

Вирусот се пренесува преку каснување од заразен комарец, а симптомите на заболувањето се појавуваат три до 14 дена по каснувањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.