Македонија

Четири собраниски комисии денеска ќе одржат седници

Четири собраниски комисии денеска ќе одржат седници

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, за култура и на Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност треба да расправаат за предложените измени и дополнувања на законите за гранична контрола, за заштита и спасување, за класифицирани информации и за управување со кризи, за производство и промет на вооружување и воена опрема,  и за полиција, како и за  Предлог-законот за внатрешни работи, сите по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за транспорт и врски се предлог измените и дополнувањата  на законите за заштита на природата, за животната средина, за поштенските услуги, за сигурност во железничкиот систем, за воздухопловство, за просторно и урбанистичко планирање, по скратена постапка – второ читање. Пред таа Комисија се и предлог законите за изменување на законите за јавни патишта, за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за комуналните дејности, за градење, за домување, за превоз во патниот сообраќај, за внатрешната пловидба и за железничкиот систем, сите по скратена постапка – второ читање.

Членовите на Комисијата за култура, пак, треба да расправаат за предлог – законите за изменување и дополнување на законите за култура, за филмска дејност и за заштита на културното наследство, по скратена постапка – второ читање.

Точките од дневниот ред на комисиите за одбрана и безбедност и за транспорт, врски и екологија треба да бидат на расправа во Законодавно-правната комисија.