Четири собраниски комисии

Комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија, денеска ќе одржат седници во Собранието на Република Македонија.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг и Предлог – законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, по скратена постапка во второ читање, ќе бидат тема на расправа на членовите на Комисијата за финансирање и буџет.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат за Предлог-законот за изменување на Законот за исплата на платите и Предлог-законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, двата по скратена постапка, во второ читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка во второ читање.

Законодавно-правна комисија ќе ги разгледа предлог законите кои се на дневен ред на трите комисии кои денеска ќе одржат седници.