Четири сообраќајки вчера во Скопје – „Пајакот“ кренал 71 возило

пајак

Санкционирани се седум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено светло на семафор, двајца не ги почитувале правилата за престигнување, 16 биле без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и девет возачи кои не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 35 непрописно паркирани возила.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ во општина Карпош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.