четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Четири трика со оцет за вашата облека да изгледа како нова

Сигурно барем еднаш сте слушнале совет за користење оцет во домаќинството и дека е мошне корисен при перењето на алиштата. Имено, белиот, алкохолен оцет можете да го користите и како отстранувач на дамки и неугодни мириси од ткаенината, но може да послужи и како освежувач за алишта.

perenje-alishta

Поврзани вести

Сигурно барем еднаш сте слушнале совет за користење оцет во домаќинството и дека е мошне корисен при перењето на алиштата. Имено, белиот, алкохолен оцет можете да го користите и како отстранувач на дамки и неугодни мириси од ткаенината, но може да послужи и како освежувач за алишта.

Бел оцет како омекнувач

Белиот оцет всушност има ист ефект како омекнувачот за алишта. Само налејте во машината за алишта како што тоа вообичаено го правите со омекнувачот, а ќе се уверите дека алиштата стануваат уште помеки.

Го намалува талогот од детергентот

Дали и вам ви се случило да ги исперете алиштата и при вадењето од машината да воочите траги од детергент? За ефективно намалување на таложењето на детергентот на алиштата прелејте ја облеката во машината со половина чаша оцет. Детергентот е штетен за кожата, а поради неговата стртуктура понекогаш не се пере и по завршување на перењето останува на облеката.

Ги отстранува дамките од пот

Киселината во оцетот ќе ви помогне да се решите од грдите дамки од пот или од дезодоранс, особено на белата облека. Оцетот го зголемува дејството на детергентот, а се што треба е пред перење да ставите половина чаша оцет во алиштата и така поуспешно ќе ги отстраните дамките од пот и ќе ја одржите бојата на облеката.

Ги отстранува тврдокорните дамки

Ако на одредено парче облека имате неколку дамки што никако неможете да ги исперете, потопете  го во врела вода со половина чаша оцет, оставете да преночи, а потоа исперете го во машина како и вообичаено.

Најчитани вести