Четири училишни дневници украдени од училиште во Тетово

Четири училишни дневници се украдени од СГУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, а на ѕидовите од ходниците на приземјето и на катот со креда се испишани графити со вулгарна содржина.

Како што соопшти полицијата, сторителот ја обил вратата од канцеларијата на техничкиот персонал, ги зел клучевите, го отворил прозорот од заштитната метална решеткаста врата од канцеларијата на професорите, влегол внатре, ги одзел дневниците и избегал.