Четири вида на сенчање на косата: омбре, сомбре, фламбојаж и балајаж

Hair Colour Application

Стилистите разликуваат четири начини на сенчање на косата. За омбре речиси сите веќе сме слушнале. Но дали знаете што се фламбојаж и балајаж? И во што овие атрактивни и тренди нијансирања на косата всушност се разликуваат? Погледнете го текстот и изберете ја методата што вам најмногу ви одговара.

Омбре

Омбре е нијансирање на косата со постепена но видлива разлика во бојата од темен корен кон посветли краеви. Настанал во Холивуд кога актерките помеѓу снимањето на два филма поради промена на имиџот, ја пуштале својата природна боја на косата.

Фризерите тогаш се сетиле да ја изнијансираат косата помеѓу краевите и израстокот за да не изгледа неуредно.

Омбре не се однесува само на природната боја на косата каде што краевите се исветлени или на кафеавите нијанси. На смеѓа коса може да имате омбре костен, црвенкасти или бакарни нијанси.

Сомбре

sombreee

Сомбре е „помек“ односно омбре со понежен премин. Разликата помеѓу бојата во коренот на краевите е помала и изгледа поприродно од омбре нијансирањето. Контрастот помеѓу нијансите од коренот до краевите е помал отколку кај омбре нијансирањето на косата.

Балајаж

Балајаж е нијансирање на косата без прецизно одредено место на пармените и наменет е за дамите што сакаат колку е можно поприродно нијансирање на косата со мал контраст. Затоа што станува збор за прамени, немора да се бојадисува целата коса, туку само неколку прамени. Ова се прави само за да се даде друга димензија и да се исенча косата. Балајажот е доста поблаг од омбрето, но сепак се забележува нијансирањето.

Фламбојаж

Фламбојаж е техника која претставува комбинација од техниките омбре и балајаж, за што се користи леплива фолија за прамените која одвојува само онолку коса, колку што е потребно за да се постигнат помеки прамени. Со овие прамени се постигнува ефект на сонце и одличен е ако сакате да го освежите вашиот изглед со нијансата што е малку посветла од вашата боја на коса што моментално ја имате.