сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 33

Четири земјотреси за неколку часа ја погодија Македонија

По првите два земјотреси, вчера попладневно, во 19 часот и 16 минути е регистриран уште еден, трет земјотрес со епицентар на 9 километри југозападно од Слепче, на длабочина од 5 километри и со интензитет од 4,1 степен според Европската макросеизмичка скала.

zemjotres

Поврзани вести

Претходните два последователни земјотреса го потресоа југозападниот дел на Македонија. Потресите беа регистрирани вчера во 18:33 и 18:41 часот и предизвикаа вознемиреност кај граѓаните на Битола и Охрид.

Според информациите на Европската сеизмичка лабораторија, епицентарот на земјотресите е лоциран на територијата на Република Македонија, 85 километри југозападно од Скопје со епицентри на 10 односно пет километри под земјината површина и интензитет од 4,8 и 4,9 степени според Европската макросеизмичка скала.

Официјалните податоци говорат дека имало и четврти земјотрес вечерва во нашата земја.

zemjotresi

Најчитани вести