Четири знаци што немора да значат дека тој ве изневерува

Мислиш дека те изневерува? Откриваме неколку сигнали што не мора да значат неверство иако првично упатуваат на тоа.

Ги префрла твоите повици на говорна пошта

Малиот глас во главата ти говори дека тој можеби има секс со друга девојка, но да бидеме реални, можеби го префрлил телефонот на вибрации и ја гледа омилената тв серија или фудбал.

Пренагласени реакции

Момците може да бидат мрзоволни, раздразлини, тажни и со солзи во очите. Тоа што тој покажува премногу емоции не значи дека има афера. Немојте премногу да размислувате дали тој е неверен, туку запрашајте се што не е во ред, затоа што ви се чини дека е вознемирен во последно време.

Напорно тренира во теретана

Секако, можеби сака да ослабе за да изгледа супер за неговата нова девојка, но исто така можеби одлучил да тренира повеќе за да го намали холестеролот и да го зачува здравјето на срцето. Затоа, обидете се да се радувате за оваа негова одлука, која ќе го подобри неговото здравје, се додека не добиете вистинска причина за што да се грижите.

Неговиот сексуален апетит се менува

За жал, голем број фактори влијаат на либидото, па можеби и недостатокот на неговата сексуална желба може да се поврзе со стресот, финансиската ситуација или проблемите во семејството, но не и со прељуба.