Четири жртви во пожар во хотел во Прага

Четири лица починале од повредите здобиени во порачот кој избувна во саботата во хотел во центарот на чешката престолнина Прага, изјави во неделата портпаролот на болницата.

Пожарот избувна во саботата во хотелот „Eurostars David“ подигнат во XIX век сместен во тесна улица во близина на реката Влтава и Националниот чешки театар.

Две жртви полицијата идентификувала во неделата и соопшти дека станува збор за Германец роден 1996 година и жена од Јужна Кореја родена 1997 година. Портпаролот на болницата во Прага изјавил дека во пожарот смртни настрадале уште две жени. Тие сѐ уште не се идентификувани.

Во пожарот се повредени уште четири лица коишто се хоспитализирани, а 40 луѓе биле безбедно биле безбедно евакуирани. Причината за несреќата засега не е разјаснета, а истрагата е во тек.