Македонија

Четириесет и пет учесници на Школата за млади лидери на претседателот Иванов

Четириесет и пет учесници на Школата за млади лидери на претседателот Иванов

Четириесет и пет млади лидери и дваесет и еден предавач ќе учествуваат на седмата Школа за млади лидери, што ќе се одржи од 14-ти до 26-ти август во Охрид, под покровителство на претседателот Иванов.

Предавачи се еминентни професори, бизнисмени, претставници на институции од земјава и од странство.

„Очекуваме и годинава да продолжи нагорниот тренд во развојот и во функционирањето на Школата за млади лидери, која стана значаен сегмент и платформа во општественото дејствување на успешните млади луѓе“, велат од Кабинетот на Иванов.

Во изминативе шест години, Школата за млади лидери ја посетиле 240 луѓе од различни академски и професионални области.