ВИДЕО: Четириесетина повредени во експлозии северно од Њујорк

Околу 40 луѓе се повредени а едно лице се смета за исчезнато по двете експлозии во понеделникот во фабрика за козметички производи северно од Њујорк.

Работниците имаат изгореници или се повредени при пад на земјата од силината на двете експлозии, соопштил портпаролот на пожарникарската служба во округот Оринџ.

Повеќе од триесет луѓе се ранети во првата експлозија, а седум пожарникари во втората, која се случила триесетина минути подоцна. Нивните повреди не се опасни по животот.

Еден од вработените во компанијата „Verla International“ се смета за исчезнат. На локалното население чиишто домови се во радиус од еден километар од местото на експлозијата му е препорачано да не излегува од домовите и да ги затвори прозорците.

Фабриката којашто се наоѓа дваесетина километри северно до Њујорк вработува околу 20 луѓе, а произведува супстанции на база на алкохол за лакови за нокти и парфеми во гратчето Њу Виндзор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.