Четириесетина ученици повредени по истекување на гас во Германија

Над 40 ученици се повредени во инцидентот во кој дошло до истекување на гас во училиште во градот Хајлброн во покраината Баден Виртенмберг, јавува дописникот на МИА од Берлин.

По првичната интервенција на итните медицински екипи сите ученици кои дошле во контакт со гасот се префрлени во болница, но ниту еден од нив не во сериозна состојба, се вели во соопштените на локалната полиција во Хајлброн.

Останатите ученици се евакуирани во спортската сала а полицијата и противпожарната бригада се уште се обидуваат да ги откријат причините за истекувањето на гасот.

Во моментот на несреќата во училиштето имало над 350 ученици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.