Четиригодишно дете „камен пијано“, имало 2,8 промили алкохол во крвта

Четиригодишно момче е хоспитализирано во болницата во Тузла, Босна и Херцеговина поради преголемо количество на алкохол во крвта.

Босанските медиуми јавуваат, дека момчето итно било пренесено во Службата за итна помош во Домот за здравје во Тузла во алкохолизирана состојба.

Во текот на приемот, како што информирале од болницата, детето не можело нормално да оди и да зборува, но по брз и професионален медицински третман, неговата состојба се подобрила, па набрзо е пуштено дома.

Родителите раскажале како дошло до тоа детето да се опис. Неговиот татко неколку литри ракија чувал во подрумот, а детето видело како таткото пие ракија и од каде ја носи, па најверојатно и само отишло во подрум.

Не е познато колку ракија испило детето, ниту колку долго конзумирало алкохол.

Повеќе од 2,5 промили алкохол во крвта се смета за големо пијанство. За возрасен човек да биде во таква состојба, потребно е да испие два литра вино или четири до пет децилитри жесток пијалок.