Четиригодишно дете од Струмица прегазено од автомобил

Страшна несреќа ја потресе Македонија откако вчера во 10 часот и 30 минути во селото Босилово во струмичко, 30-годишниот Е.С. од селото Николиќ, дојранско, управувајќи возило „Пасат“, удрил во четиригодишно детенце од Струмица.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и во безсознание е пренесено во КАРИЛ-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.