Четиринаесетмесечно женско бебе починало вчера во Чаир

Женско бебе на возраст од 14 месеци настрадало вчера во несреќата во скопски Чаир, информираше МВР.
Од полицијата велат дека во 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје биле информирани од болницата „Аџибадем Систина“ дека кај нив е примено бебето. Тоаимало скршеница на черепот и крварење во мозокот, поради кое во 19.10 часот починало.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Според неофицијални информации, несреќата се случила во зграда на улицата Архиепископ Доситеј. Бебето било со својата баба и се симнувале по скалите во влезот. Но во еден момент девојчето се отргнало од нејзините раце по што се затрчало кон скршениот прозорец меѓу спратот и паднало од висина од околу 3 метри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.