Четитри нешта што среќните двојки никогаш не ги прават

Заедничкиот живот не е секогаш мед и млеко. Додека поголемиот дел од двојките размислуваат за работи што треба да ги направат со цел да имаат среќен и здрав однос со партнерот, заборават на некои работи што можеби се најважни за среќна и хармонична врска.

Еве четири нешта што среќните двојки никогаш не ги прават, проверете дали сте меѓу нив.

Не форсираат еднаквост

Не говориме за еднаквост помеѓу половите, туку за ситуациите кои изгледаат како мали нешта, но всушност се мошне важни. Ако вие сте зготвиле ручек, тој мора да ги измие садовите. Ако вие го земате детето од дневен престој или од училиште, тој мора да се справи со домашните задачи. Ова се само некои од ситуациите што во текот на договорот звучат мудро и рамноправно, но животот не е толку едноставен. Следењето на резултатите и постојана желба за рамноправно извршување на обврските може да предизвика тензии и незадоволство во врската. Во квалитетната врска партнерите мора да имаат разбирање, а не да се натпреваруваат.

Не се игнорираат меѓусебно

Понекогаш, најситните нешта можат да бидат показател на љубов и почит меѓу партнерите, и токму тие нешта треба да се негува.

Ако партнерот побара од вас да му направите чај или кафе додека сте во кујната, или ако ве покани за да сподели со вас нешто што видел или прочитал, немојте да го игнорирате.  Тоа важи и за малите знаци на интимност, како што се бакнување или гушкање пред или после работа. Не игнорирајте ги малите нешта, бидејќи тие во љубовта и врските всушност се огромни.

Не ги занемаруваат интимните моменти

Во овој забрзан…