Четник поставил билборд со Путин во Јагодина

Срба Јосијевиќ од Јагодина, попознат како Срба Четник, поставил билборд во центарот на градот со лик на рускиот претседател Владимир Путин над продавницата која што е во негова сопственост. Билбордот во центарот на градот стана нова атракција, и  локација за групни  семејни фотографии.

„Дојдов на идеја бидејќи сакав да искажам почитување на највисокиот светски државник Путин. Тој им покажа на сите како се сака својот народ и како се сака државата. Би требало сите политичари и државници да се огледаат на него. Русија многу направи за нас. Немав намера да предизвикам емоција кај народот но луѓето масовно доаѓаат и се фотографираат па заклучувам дека нашата љубов кон Русија е голема“ вели Јосијевиќ.

Тој додава дека неговите сограѓани сега бараат да го постави и Путин во природна големина за да се фотографираат со него.

„Ќе видам што можам да направам. А планот ми е на друг билборд да поставам уште еден голем државник но, засега нема да откривам за кого се работи“, вели Јосијевиќ.