Четворица албански фудбалери претепани

Четворица фудбалери на Албанија се повредени во инцидентот, а дел од нив се тепани, физички нападнати, дури и во службените простории на стадионот, вели албанскиот селектор Џани де Бјази.

-Четворица наши фудбалери се повредени, претепани во мешаницата што се случи по прекинот на мечот. Некои фудбалери се нападнати дури и во службените простории на стадионот. Страшно е се ова што се случуваше, а јасно е дека организацијата на натпреварот е катастрофална, изјави Де Бјази.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.