Четворица добитници на наградата „11 Октомври“

Четворица добитници на наградата „11 Октомври“
Четворица добитници на наградата „11 Октомври“

Државната награда „11 Октомври“ во областа на културата и уметноста оваа година ќе ја добие академик Митко Маџунков, писател, а во областа на науката и образованието ќе им биде доделена на проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург; проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик, и на проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.

Добитниците на наградата за 2015 година ги соопшти Министерството за култура. Признанијата ќе им бидат врачени на 11 октомври 2015 во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

Наградата „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката,  уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија