Четворица мигранти повредени при експлозија на цистерна во Србија

цистерна

Мигрантите се искачувале по цистерната, во моментот кога, од засега неразјаснети причини избила експлозијата. Според Радио-телевизија Војводина, мигрантите ја запалиле цистерната.

Во полициските извештаи се наведува дека се работи за несреќен случај, односно нема индициии за вмешан човечки фактор.

Освен цистерната, нема други материјални штети.

Мигрантите се здобиле со потешки изгореници и са префрлени во болниците во Сремска Митровица и Белград.