Четворица мигранти пронајдени мртви на бродот „Блу скај“

Четворица имигранти се пронајдени мртви на товарниот брод „Блу скај“, кој, според последните податоци, превезувал околу 900 лица, пренесе МИА.

Нивните тела се пренесени во болница во италијанскиот град Галиполи, каде претходно бил донесен и бродот од страна на италијанската воена морнарица и граничните патроли. Преживеаните имигранти биле сместени во објектите на општинските власти, каде започнал процес на нивна идентификација.

Според италијанскиот Црвен крст, повеќето од имигрантите на бродот се Сиријци.

Несреќата со бродот се случи вчера, неколку дена по инцидентот со фериботот „Норман Атлантик“, на кој избувна пожар во близина на грчкиот остров Крф, при што загинаа 13 лица.

фото: Telegraph.co.uk