Четворица полесно повредени во 12 сообраќајки во Скопје

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на крстосница на црвено светло и шест возачи за неправилно престројување.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и пет кои возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и три нерегистрирани возила. Санкционирани биле и 14 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и пет пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 90 непрописно паркирани возила