Четворица повредени полицајци се задржани во гевгелиската болница

Се замозапали маж од Волково
Се замозапали маж од Волково

Четворица припадници на безбедносните сили се задржани на опсерација во гевгелиската болница, откако денес беа нападнати со камења од мигрантите кои се наоѓаат на грчка страна на македонско-грчката граница.

Според најновите информации, двајца полициски службеници се здобиле со удари во пределот на главата преку заштитниот шлем, еден во пределот на натколеницата и четвртиот во пределот на абдоменот. Сите повредени се надвор од животна опасност.

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информираше дека повредени се 18 припадници на безбедносните сили, демолирани се неколку армиски и полициски возила, како и штитови

Со цел подготвеност и навремено реагирање на здравствениот систем, поставено е уште едно возило на Итна Медицинска Помош во пунктот во Гевгелија, а дополнители екипи од Здравствен дом Кавадарци, Велес, Скопје и другите Здравствени домови на ротациска основа ќе бидат дежурни во Центарот за итна помош во Гевгелија.