Свет

Четворица повредени при пожар во нафтено складиште кај Киев

Четворица повредени при пожар во нафтено складиште кај Киев

Четири лица се повредени при голем пожар што избувна попладнево во нафтено скалдиште во близина на украинскиот главен град Киев, јавија руските медиуми.

Четворицата повредни работници се пренесени в болница и се наоѓаат во критична состојба, пренесува МИА.

Огнот избуванал во еден од резревоарите со нафта и потоа се проширил на уште три други. Претставници на базата соопштија дека има опасност од експлозија.

Во гаснењето на големиот пожар се вклучени 90 пожарникари со 20 противпожарни возила.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.