Четворица повредени во две сообраќајки во тетовско

Вчера во тетовско се случиле две сообраќајки во кои се повредени четири лица.

Во две сообраќајки во тетовско повредени се четворица, меѓу кои и петгодишно дете
Во две сообраќајки во тетовско повредени се четворица, меѓу кои и петгодишно дете

Како што соопшти портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски, во несреќата околу 17 часот и 30 минути на локалниот пат во Желино, од мотоцикл е удрено петгодишно девојче кое здобило скршеница на десната нога и веднаш било префрлено во Тетовската клиничка болница од каде, по укажаната помош е задржано на натамошно лекување. Мотоциклот го управувал Д.Б. (24) од Желино.

Полицијата извршила увид и работи на утврдување на сите околности околу несреќата. Според првичните податоци, причина за сообраќајката е невнимтелното преминување на патот од страна на девојчето.

Другата сообраќајка се случила околу 13 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово-Боговиње во селото Пирок. Се удриле Мерцедес со швајцарски регистарски таблички управуван од Б.И.(37) од Долно Палчиште, Форд Фиеста со тетовски регистарски таблички управуван од Б.К.(30) од Милетино и Мерцедес со тетовски регистарски таблички управуван од Ф.И.(62) од Долно Палчиште.

Во несреќата возачите на Фордот и Мерцедесот со тетовски регистарски таблички, како и 34 годишна сопатничка од Фордот се здобиле со телесни повреди и веднаш биле префрлени во Тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош, на лекување бил задржан само возачот на Мерцедесот со тетовски таблички Ф.И.(62) од Долно Палчиште.

Полицијата извршила увид и според првичните податоци, причина за сообраќајката е недржење страна. Вкупната материјална штета се проценува на околу 150 илјади денари.