Четворица повредени во шест сообраќајни инциденти во Скопје

Четири лица полесно се повредени во две од вкупно шесте сообраќајни несреќи коишто се регистрирани во текот на понеделникот подрачјето на СВР Скопје, а во
четири незгоди била причинета сао материјална штета.

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Десет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци. Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи почетници, како и седум нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин и тројца кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 67 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 73 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Гоце Делчев“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Илинден.