Крими хроника

Четворица повредени во сообраќајка кај Визбегово

Четворица повредени во сообраќајка кај Визбегово

Утрово околу 10 часот, се случила тешка сообраќајка кај скопско Визбегово, на магистралниот пат Скопје – граничен премин Блаце, при што се судриле камион „мерцедес“ и патничко возило „голф“, и двете со скопски таблички.

Во сообраќајката се повредени четири лица кои биле во автомобилот. Повредените се префрлени во Градската болница „8 Септември“ во Скопје.

Поради увидот на полицијата, магистралата Скопје – Блаце е блокирана и возилата се пренасочуваат по алтернативните патишта.