Четворица штипјани повредени во меѓусебна тепачка

Четворица штипјани, од кои кај двајца е утврдено присуство на алкохол, се степале вчера во двор на куќа на улицата Железничка во Штип по претходна расправија. Инцидентот се случил во 21 часот меѓу 50-годишен и 55-годишен штипјанин од една страна, и 29-годишен и 31-годишен граѓанин од друга.

Раскараните сограѓани си размениле удари и тупаници и сите се здобиле со полесни или потешки телесни повреди.

По настанот се одѕвале на повикот во полициската станица во Штип каде им е извршено алкотестирање, при што на 50-годишниот штипјанец му е констатирано 1,08 промили алкохол во крвта, а кај 55-годишнио 0.21 промили.

Против четворицата тепачи полицијата ќе поднесе  соодветен поднесок по целосно документирање на случајот.