Четворица убиени во пукање во суд во Москва

Четири лица обвините во случајот „банда GTA“ се убиени во пукањето во вторникот во Московскиот обласен суд, изјави адвокатата Дијана Татосова.

„Делото е предадено во судот… Зборував со шефот на истражниот тим, Според него, четворица од 11-те обвинети се убиени“, изјави Татосова за агенцијата РИА.

Според досегашните информации, членови на бандата ги нападнале полициските службеници кои ги спроведеувале нивните соучесници до судница, и во престрелката биле убиени тројца од напаѓачите.

Судска службеничка и вооружен стражар наводно се ранети кога во зградата на Регионалниот суд во Москва се испукани куршуми, изјавила адвокатката Софија Рубаскаја за ТАСС. Таа се наоѓала во зградата во моментот на пукотниците.

„Бевме на друго судење кога ги слушнавме пукотниците. Истрелани се повеќе од 20 куршуми. Почнавме да се евакуираме. Ги видов ранетата судска извршителка и нејзиното крваво лице. Подоцна некој кажа дека вооружен чувар е повреден“, рекла Рубаскаја.

Во руските медиуми се појави информација дека до пукотниците во Регионалниот суд дошло за време на разгледување на случај против обвинетите во слулајот „банда GTA“.

Наталија Осипова, портпарол на Регионалниост суд Москва изјави дека инцидентот се случил за време на сослушување на криминална банда од девет лица, кои се обвинети за тероризирање на московските патишта, убивајќи повеќемина моторџии.

Таканаречената „банда GTA“ стана озлогласена по напади врз возачи во Подосковјето. Според истрагата, припадниците на групата истурала шилци на патишатата, а потоа ги застрелувале возачите и совозачие кога ќе ги запреле возилата. Се смета дека жртви на оваа банда биле накмаллу 17 луѓе. Името бандата го добила по популарна компјутерска игра.