Свет

Четворица загинати при пад на хеликоптер во Романија

Четворица загинати при пад на хеликоптер во Романија

Лекар, медицинска сестра и двајцата пилоти загинаа при уривање на хеликотер на службата за брза помош на Романија, во едно езеро во романскиот округ Констанца, на 250 километри источно од Букурешт.

На самото место на несреќата загинале три лица, додека еден од пилотите бил извлечен жив од езерото, но подоцна во болница им подлегнал на здобиените повреди.

Телата на лекарот и вториот пилот биле пронајдени набрзо по нереќата, додека она на медицинската сестра, која била бремена, е најдено утрово по речиси 12-часовна потрага на нуркачите.

Причините за уривањето на хеликотерот засега не се познати.