четврток, 5 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Четворица загинати во поплавите во јужна Германија

poplavi

Поврзани вести

Четири животи однесоа поплавите што го зафатија југот на Германија во текот на вчерашниот ден.

Надојдената вода блокираше голем број куќи и училишта, соопштија денеска германските власти.

ДПА јави дека телата на три лица биле пронајдени денеска околу 8:30 часот во една куќа во баварското гратче Симбах Ам Ин, која поради обилните поројни дождови била поплавена за многу кратко време вчера изутрина.

Полицијата соопштои дека уште една жена е пронајдена почината нешто подоцна во водите близу Јулбах во југоисточна Баварија.

Висината на водата во поплавените улици изнесува околу еден метар. Стотици ученици вчера беа принудени да останат во своите училишта и таму да ја минат ноќта.

Надојдените води одвлекуваа автомобили, дрвја, па и мебел од куќите, а многу граѓани биле принудени да се качат на покривите на своите куќи од каде треба да бидат спасени од хеликоптер.

Баварските власти веќе ја проценија штетата од поплавите на 10 милиони евра.

Најчитани вести