Четворица загинати во продолжените протести во Венецуела

Четири лица ги загубиле животите на протестите во венецуелската сојузна држава Лара во саботата, соопштија локални функционери.

Претходно пратеникот во националниот парламент на Венецуела, Луис Флоридо, изјави дека на протестите во петокот две лица ги загубиле животите.

Од почетокот на април во Венецуела се одржуваат масовни протести откако Врховниот суд донесе одлука за ограничување на власта на Националното собрание во коешто мнозинството го има опозицијата на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро.

Одлуката беше повлечена, но приврзаниците на опозицијата излегоа на улиците барајќи оставка од уставните судии и одржување предвремени избори, а исто така и против воспоставувањето Уставотворно собрание, сметајќи го тој чекор за обир на претседателот Мадуро за обид за промена на уставот.

Според последните податоци, земајќи ги предвид последните смртни случаи, бројот на жртвите на протестите во Венецуела се искачи на 83 луѓе.