Крими хроника

Четворица рудари загинаа во Турција

Четворица рудари загинаа во Турција

Четворица рудари загинаа при инциденти во два рудника во јаглен, јавува АФП.

Тројца мажи загинаа при експлозија на метан во дел од рудникот цо црноморската турска провинција Зонгулдак, соопштил претставник на Турската компанија за ископување на јаглед.

Според податоците на весникот „Хуриет“, првичната полициска истрага покажала дека рудникот функционирал нелегално. Уште еден рудар загина во државен рудник во истата провинција откако тој и негов колега паднале од рудничкиот вагон, со кој што управувале на длабочина од 260 метри под површината.